1. Се однесуваме еднакво кон секој клиент, без разлика на пол, етничка припадност, религиозна припадност, возраст, социјален статус, сексуална ориентација, образование и здравствена состојба.
  2. Ги спроведуваме разговорите и средбите со почит кон личноста и го задржуваме добриот тон, без оглед на околностите.
  3. Во разговорите и средбите со клиентот, ние сме претставници на Компанијата и го браниме доброто име и репутацијата како коректен партнер.
  4. Не преземаме активности кои би го нарушиле достоинството на клиентот и неговото семејство.
  5. Не користиме навредлив јазик кон клиентот, не упатуваме закани.
  6. Се однесуваме професионално во односите со клиентот, користиме речник својствен за специјализирана компанија за наплата на долгови.
  7. При разговор со трети лица, не откриваме лични информации во однос на Компанијата и клиентите.
  8. Овие етички норми важат при излезни и влезни телефонски разговори, средби со клиенти и во сите работни и вонработни ситуации поврзани со процесот на наплата на долгови во Компанијата.


С пълния вариант на Етичния кодекс, можете да се запознаете тук.