„Агенција за контрола на доспеани побарувања“ (АКДП) откупува различни видови на побарувања, преземајќи го ризикот наместо Вас во однос на нивната наплатливост.
Преку тим од бизнис аналитичари кои користат статистички модели и анализи, нудиме фер цена за доспеаните побарувања. Пристапуваме партнерски и во духот на соработка со нашите клиенти, така што договорените услови за секоја зделка да бидат задоволителни за двете страни.

Вие ја добивате договорената цена веднаш и немате понатамошни обврски, а ние Ви гарантираме дека ќе го зачуваме угледот на Вашата компанија. Цената на секое побарување е различна и зависи од видот на задолженото лице (физичко или правно лице), износот на побарувањето, валутата, рокот на просрочувањето и други фактори.

Секој пакет побарувања се разгледува од нашите бизнис аналитичари и внимателно се оценува, а сите детали се дискутираат со нашите партнери.




АКДП откупува од кредитни институции - банки, небанкови финансиски институции, како и од други компании кои оперираат на пазарот, значајни по обем портфолија од различни видови побарувања:

  • Обезбедени и необезбедени побарувања од физички и правни лица (трговски друштва, земјоделски производители);
  • Потрошувачки и наменски кредити на физички лица;
  • Кредитни линии на физички и правни лица;
  • Побарувања по кредитни картички од физички лица;
  • Хипотекарни кредити;
  • Побарувања по фактури.

Ако сте заинтересирани за цесија, не се двоумете да не контактирате!


Контакт