АКДП пристапува професионално кон своите клиенти, почитувајќи високи етички стандарди во својата работа. Нашите должници всушност се наши клиенти, а во комуникацијата со нив градиме рамноправни и коректни односи, со почит кон личноста и актуелниот статус на секој поединечен партнер.

За ова придонесува и нашата политика на взаемна помош, преку која нудиме различни опции за справување со соодветните обврски, во контекст на секој конкретен случај.

Индивидуалниот пристап е наш заштитен знак, а благодарение на нашата соработка со клиентите, постигнуваме високи резултати и навремено покривање на обврските, со што постигнуваме задоволство за сите страни.

Затоа комуникацијата е најважна за нашата работа, бидејќи благодарение на разговорите со нашите клиенти, можеме да решиме секој сложен случај.


Контакт