Услови и правила за користење

Оваа веб страна е сопственост на Агенција за контрола на доспеани побарувања АКДП Дооел Скопје и истата може да биде менувана без претходно известување. Веб страната е создадена за да обезбеди општи податоци и информации, за партнерите и услугите кои ги нуди АКДП Дооел Скопје. Пристапот до оваа веб страна е бесплатен, а трошоците поврзани со поврзување на интернет ќе бидат на товар на корисникот согласно тарифите на соодветниот интернет и телекомуникациски сервисен провајдер. Со пристапување до оваа веб страна и податоците и информациите објавени на неа, Вие изјавувате дека ги имате прочитано, разбрано и сте согласни со овие услови.


Авторско право


Информативните материјали, фотографии и други податоци објавени на оваа веб страна, како и нејзиниот дизајн, се авторско право согласно Законот за авторското право и сродните права. Тие може да бидат слободно користени само во случаи и за цели определени во законот, под услов користењето да не влијае на работење на веб страната и да не ги загрозува законските и другите интереси на АКДП Дооел Скопје или интересите на партнерите.


Ограничување на одговорноста и поврзани веб страници

Веб страната е дизајнирана да обезбеди поедноставен пристап до информациите поврзани со услугите кои се нудат и условите за нивно користење. Ние имаме за цел објавените податоци да бидат целосни и веродостојни, сепак ве молиме да имате во предвид дека истите не претставуваат правен, финансиски или друг вид на совет или препорака за што ве советуваме да се обратите на експерт од соодветната материја.

Ние се обидуваме да ги ограничиме сите пречки кои можат да произлезат од користењето на веб страната, сепак, не можеме да гарантираме и не носиме одговорност во случаи на прекинат пристап или користење на информациите поради непресметливост на компјутерски програми, технички проблеми и слично.

Доверливост

Заштитата на личните податоци на посетителите на оваа веб страна се води согласно политиката за заштита на личните податоци на АКДП Дооел Скопје. Оваа веб страна содржи посебни линкови (врски, хиперлинкови, банери) кон други веб страни кои се управуваат од страна на партнерите или трети лица. Кога посетител на оваа веб страна одбира да кликне на линк кој води кон веб страна контролирана од трети лица, ние не преземаме одговорност за условите и начинот на собирање и обработка на личниподатоци и заштитата.