Дозволете ни да ги управуваме Вашите ненаплатени побарувања наместо Вас!
Основната цел на АКДП е да оствари плаќања кон своите партнерски компании, на тој начин штедејќи им време и ресурси за управување со нивните портфолија од лоши побарувања, обезбедувајќи им енергија и спокојство за да се фокусираат на својата основна трговска дејност. Со партнерски пристап со цел постигнување на очекуваните резултати, АКДП Ви гарантира корисна и долгорочна соработка.
Како добавувач на решенија за наплата на побарувања, „Агенција за контрола на доспеани побарувања“ (АКДП) ги нуди најсоодветните методи за наплата, кои се применливи за Вашата област на дејност. Методите што ги користи компанијата се целосно усогласени со важечкото законодавство.
Нашата ефективна организациска структура овозможува обработка на огромен број случаи со целосна транспарентност и детално известување за секоја преземена акција. Надоместокот се формира врз основа на реално наплатената сума, а конкретниот процент на провизија зависи од фазата на просроченост на доделените побарувања.